| четврток, 6 декември 2018 |

Мајкл Корс ги собра сите убави жени од Холивуд (Фото)

Модниот могул Мајкл Корс на забава во Лос Анџелес вчеравечер ги собра сите убави жени од Холивуд.Славниот дизајнер организира забава во Лос Анџелес на која дојдоа сите најубави жени од Холивуд , како Кејт Хадсон, Софија Вергара, Оливија Мун…

Иако пред само еден месец ја роди ќеркичката Рани , актерката Кејт Хадсон беше во топ форма на свечената вечера која синоќа ја организираше Мајкл Корс.Не недостасуваа ниту славни актери , како што е Курт Расел , кој се дружеше со Кејт. Во црно одело се појави и Софија Вергара , која носеше чевли и ташна со зебра модел. И Алесандра Амбросио беше гостинка на забавата .

Славната манекенка за прв пат по 17 години годинава не учествува на ревијата на Викторијас Сикрет. Папараците не се одвоија ниту од актерката Оливија Мун , која беше облечена во широки пантолони и сребрена блуза во облик на градник. Меѓу одбраното холивудско друштво беа и актерката и режисерка , Камила Бел , дизајнерката Рејчел Зое , манекенката Нина Добрев , како и актерките Лори Лафлин и Рејчел Билсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top