Денеска лустрираниот писател Божин Павловски кој службите го воделе под кодното име „Прозаист“ е добитник на многу престижни литературни признанија но неговата кариера ја следат и сериозни критики дека е плагијатор.
Во 1992 година од печат излегува книгата на професорот Атанас Вангелов, наречена Преписите на Божин Павловски. Во неа тој индиректно го обвини Павловски за плагијат во романот „Дува“ издаден пред повеќе од 4 децении.
Во 2003, студентката по компаративна книжевност, Маја Серафимовска, покренува тужба против него, бидејќи Павловски наводно и го негирал коавторството на автобиографскиот роман Патување со љубената.
Павловски завршил Филозофски факултет во Скопје, и извесно време работел како новинар во „Трудбеник“, „Млад борец“ и „Нова Македонија“. Основач е на издавачката куќа „Мисла“ во Скопје, и бил долгогодишен главен уредник на истата. Исто така, основач е на издавачката куќа АЕА, основана во 1992 година во Мелбурн, Австралија. Оваа издавачка куќа ги издава весниците „Денес“ и „Македонија денес“ кои се вбројуваат меѓу највлијателните етнички весници воАвстралија, САД и Канада. „Роман за моето заминување“ ја освои наградата за најпродавана книга на Меѓународниот саем на книгата во Скопје (2002 г.), а „Патувањето со Љубената“ ја доби Интербалканската награда за книжевност во Солун (2002 г.). Моментално е главен уредник на книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје (од 1996 година). Член е на Македонската академија на науките и уметностите, и на Друштвото на писателите на Македонија (од1964 година).Екс академикот Божин Павловски живее и твори во Скопје, Македонија, и во Мелбурн, Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.