Добро е секогаш да се слушнат и двете страни односно да се вкрстат аргументите на двете страни така што можев да ги објаснам позициите на ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период а истовремено да ги убедам дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш во минатото, никогаш не би подржало ниту пак би презела акција во насока да делува насилно или да се заканува и да уценува, вели Христијан Мицкоски во телефонски разговор во Вестите на Канал 5. Тој истакна дека остварил средба со неколку високи претставници на ЕПП и лидери на држави од сестринските партии.
Претседателот Мицкоски уште еднаш го повтори ставот на партијата, додавајќи дека и покрај тоа што во Собранието се започнати собраниските процедури за Нацрт Амандманите за измена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ останува да биде против овој процес.
ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, партија на народот и ВМРО-ДПМНЕ секогаш во минатото, така и во иднина ќе ги користи исклучиво демократските алатки кои и стојат на располагање. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде против уставните измени во рамките на Собранието, нагласи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст