| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени тројца директори: Ги терале вработените да јадат инсекти и да пијат урина (ВИДЕО)

Полицијата почнала да го истражува случајот откако на социјлните мрежи почнале да се појавуваат видео снимки од изживувањето на директорите. На снимките се гледа како ги тепаат работниците со каиш и ги тераат да пијат течност со жолта боја. Вработените сведочеле дека ги терал да јадат стеници , ако не ги извршувале задачите.

Полицијата ги привела тројцата директори и се во пет односно десет дневен притвор.

Според локалните медиуми фирмата не им исплатила плата на вработените веќе два месеца , но не сакале да излезат во јавност од страв дека ќе бидат малтретирани и дека нема да им ги исплатат заостанатите плати.

Ова не е единствен случај во Кина каде е забележано изживување од раководителите врз вработените. Неодамна се појави и видеоа како си удираат шлаканици за да се мотивираат на работа , а има случаи каде вработените морале да бакнуваат канти за отпадоци или да лазат по нечисти улици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top