| четврток, 6 декември 2018 |

„Филм“ – изложба на фотографии од Самир Љума

На 8 ноември со почеток во 20 часот на отворањето на „Синедејс“ во МКЦ, ќе биде отворена „Филм“ – изложба на фотографии од Самир Љума.

Со фотографија почнал да се занимава сосема случајно, а случајно ја направил и фотографијата за постерот за „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски. И тоа му е прва од низа фотографии од снимања каде што работел ангажиран како волонтер, како асистент на камера, како клапер, како директор на фотографија, продуцент, па сега веќе и извршен продуцент.

Работел во Еквадор со Кирил Поп Христов, и во Македонија со Лесли Ајверкс, која е членка на Академијата за доделување на Оскар и внука на првиот цртач на Мики Маус, кој е оскаровец.

Изложбата ќе трае во текот на целиот фестивал, од 8 до 18 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top