| четврток, 6 декември 2018 |

Тевдовски: И во Данска постои прогресивен данок

„И во Данска постои прогресивно оданочување. Таму највисоката стапка достигнува 55 отсто, но ние не можеме да ја земеме оваа земја за пример бидејќи ефикасноста на институциите кај нас не може да се мери со земја како Данска. Можеме да се споредиме со земја од нашето соседство што има речиси исти услови како и кај нас”, вели во денешното интервју за БИРН министерот за финансии Драган Тевдовски, кој е познат по тоа што сака да се огледува на скандинавските економски модели.

Министерот за финансии деновиве со најавата за низа оданочувања и воведивањето на прогресивниот данок.

– Погрешно е мислењето дека рамниот данок е повеќе застапен бидејќи прогресивно оданочување доминира во ЕУ, во САД, со многу повисоки стапки од оваа што ја предлагаме. Од земјите од окружувањето веќе го воведоа Чешка, Словачка, Црна Гора, Албанија – наведува Тевдовски.

Тој не мисли дека одлуката е избрзана или неочекувана.

„За ниедни законски измени досега немало толку јавна дебата колку сега. За ова се дебатира неколку години. Ние еднаш веќе ја одложивме даночната реформа. Минатата година сметавме дека економијата е кревка, дека нема политичка стабилност за промена на даночните модел, но отворивме дебата. Го слушнавме ставот на јавноста, и дури на крај ги земавме предвид нивните барања, па го подигнавме прагот за кој се воведува повисоката стапка од првичните 60 илјади на 90 илјади денари. Имаме доволно аргументи овој пат да не ја одложуваме примената”, вели Тевдовски.

Додава дека рамниот данок е одлика на земји што имаат лоши, неефикасни институции. Како што земјите ја подобруваат ефикасноста на институциите, воведуваат и прогресивен данок.

– Во сите просперитетни општества, тие што имаат подобар животен стандард или повисок доход, тие плаќаат и по повисоки даночни стапки. Со воведувањето на дополнителна стапка од 18 отсто ефективната даночна стапка кај оваа група на луѓе ќе се зголеми – тврди првиот благајник на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top