| четврток, 6 декември 2018 |

Славески: На првата владина седница ќе го укинеме прогресивниот данок

Поранешниот министер за финансии и член на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески е убеден дека не се исцрпени придобвките од примената на рамниот данок и дека тој сѐ уште може да биде многу корисен за македонската економија. На новинарско прашање дали при евентуално враќање на власт, би се залагал за укинување на прогресивниот данок што го воведува актуeлната власт, тој одговори дека тоа би се случило на првата владина седница.

-Земја на ниско ниво на развиеност како Република Македонија мора да има помали зафаќања. За да не се фокусира на прераспределбата, гледате оваа влада се зафати со прераспределбата. Јас го делам  мислењето и на бизнис заедницата и на граѓаните на Република Македонија дека ние сеуште сме во фаза кога треба да ја зајакнеме македонската економија и да создадеме вредности. Кога ќе имаме што да делиме повеќе, како и во едно семејство кое што е сиромашно, а Република Македонија е релативно сиромашна, прво ги задоволуваат основните потреби. Рамниот данок се уште може добро да и служи на Република Македонија, рече Славески во емисијата Економски магазин на АЛСАТ-М.

Трајко Славески потсети дека рамниот данок ги зголемил буџетските приходи за 20 проценти и оти сѐ уште може да биде корисен за македонската економија.

-Првата година по воведувањето на рамниот данок буџетските приходи кај нас доживеаја – бум. 20 проценти. Јас бев министер за финансии, не знаевме што да им правиме на парите. Тоа беше резултат на воведување на рамниот данок, зголемување на финансиската дисциплина и намалување на сивата економија, рече Славески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top