Албумот Homage to a dreamer на Гоце Стевковски, „Септет“, ќе доживее и концертна промоција.
Денеска во салата на Македонската филхармонија во 20 часот, „Септетот“ на македонскиот тапанар и композитор, Гоце Стевковски, составен од извонредни музички уметници, ќе настапи со изведба на новите теми што се најдоа на вториот албум на овој ансамбл, а кој влезе во тесниот круг на десетте најдобри на музичката мрежа „Спотифај“.
Составот „Гоце Стевковски септет“ го чинат: Тодор Бакрџиев на труба, Кирил Кузманов на саксофон, Сашко Николовски на тромбон, Филип Динев на гитара, Гордан Спасовски на пијано, Кирил Туфекчиевски на контрабас и Гоце Стевсковски на тапани, а на концертот како гости ќе настапат Димитар Божиков на гитара и Филип Димишковски на клавијатури.
Албумот е снимен во 2017 година во Македонската опера и балет, автор на композициите е Гоце Стевковски, а издавач е Скопскиот џез-фестивал. Концертот е во организација на Здружението на џез-музичари и слободни уметници на Македонија.
Билетите по цена од 300 и 400 денари ќе се продаваат на билетарницата на Македонската филхармонија, како и онлајн преку веб-страницата mktickets.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст