Вчера околу 19 часот на магистралниот пат село Подмоље – Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен ксара“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (21) од село Црвици, кичевско и мопед „АПН 4“ без регистарски ознаки, управуван од Г.Б. (40) село Мешеишта-општина Дебарца.
Од здобиените повреди на местото починал возачот на мопедот Г.Б., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст