На Конгресот на Европската Народна Партија (EPP) во Хелсинки, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера оствари средба со Хорст Зехофер вице-канцелар на Германија, министер за внатрешни работи и лидер на владејачката ЦСУ. Мицкоски се разговараше и со Антониот Тајани, претседател на Европски Парламент и со премиерот на Унгарија Виктор Орбан.
Делегацијата на ВМРО ДПМНЕ на Конгресот учествува со 4 делегати со право на глас, предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски, секретарот за меѓународна политка Влатко Ѓорчев и советникот за меѓународна политика на претседателот, Тимчо Муцунски. Делегацијата учествува и на Политичкото Собрание на ЕНП.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, учествува и на Самитот на лидери на EPP на кој учествуваат премиери и шефови на опозиција од членките на ЕРР и на кој ќе оствари неколку работни средби и состаноци со негови колеги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст