Изложбата „Во духовниот храм“ на Ерол Сулејмановски ќе биде отворена во петок (09.11.2018 г.) со почеток во 19 часот во Музејот на Македонската борба за државност и самостојност. Преку неговите дела кои ќе бидат изложени, посетителите на изложбата ќе имаат можност да го видат специфичниот пристап на уметникот за сублимирање од традиционалното кон модерното, преку виртуелна магична визуелизација.
Самите наслови алудираат на темата од македонскиот живот. Дел од нив се „Македонка“, „Жетварки“, „Старо Скопје“, „Молитва“, „Три генерации“…
Познатиот македонски поет Мирче Нешовски за делата на Сулејмановски ќе рече дека тие имаат свој специфичен печат и код на магична илуминарна композициска поставеност.
„Сликарот со видот од неговото вешто изострено око и со бистрината во целата композиција, не пропушта од вид ниеден пластично насликан детаљ. Но, и кога има преливи на колоритот во широки рефлексии, сликарот не дозволува превид, стрпливо и чисто ги дава наносите на преливите на боите и колоритот и ни ја дава целосната грандиозност на рафинирана вонвременска слика врз длабочината на пречистената рафинирана плоха“ се вели во критиката на Нешовски.
Сулејмановски по професија е дипломиран инженер по безбедност и здравје при работа, во сликарството е вљубен од своите најмлади денови, а на своите слики посветил 30 години од животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст