| четврток, 6 декември 2018 |

ЕДС демантира дека зеле пари од УЈП за ФЕНИ

Компанијаѕа ЕДС вечерва испрати демант на информациите кои ги објави ТВ Алфа во врска со наплатата на долгот од ФЕНИ Индустри. Во демантот се вели:

– ЕДС категорично ги демантира неточните информации на ТВ Алфа во врска со наплатата на долгот од ФЕНИ Индустри.

ЕДС нема земено ниту еден денар од УЈП по основ на наплата на каков било долг во односна ФЕНИ. Договорот на кој се повикува ТВ Алфа е договор кој е склучен на 24.08.2017пред надлежен нотар и истиот потоа е уредно регистриран на 29.08.2017.

ЕДС никогаш не ја реализира наплата во споменуваниот договор и не се пријави воредот на разлачни доверители во предстечајната постапка на ФЕНИ Индустри. Ние како компанија, во стечајната постапка се пријавивме како секој обичен доверител ибевме третирани како и сите останати обични доверители.

Поради изнесените лаги и неосновани наводи, дадени во прилогот и во изјавата на г-ѓата Слаѓана Тасева, ЕДС ќе биде приморана да ги преземе сите правни механизмивклучувајќи и судска заштита во насока на зачувување на угледот и честа накомпанијата, стои во деманот на компанијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top