| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Јас сум против помирување, тој што е виновен треба да одговара

Ексградоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на денешниот протест „Правда за Груевски“ што се оддржува пред Кривичниот суд изјави дека секој што е виновен треба да одговара. Вели тој не е за помирување, туку е против политичките процеси кои се водат во судовите.

„Даваме поддршка на чесните судии да се одважат и да кажат ‘не’ на политичкиот процес“, рече Јакимовски и додаде:

„Јас сум против било какво помирување. Тој што е виновен треба да одговара. Луѓе што пукаат куршум во глава лежат 7 години, а луѓе кои удриле шамар лежат 15 години. Нашите соседни земји коментираат дека нашата земја е циркус држава“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top