| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски вечерва се сретна со Хан

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва оствари средба со комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес хан, па се огласи на Фејсбук.

– Остварив средба со комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан. Посочив дека членството на Република Македонија во ЕУ преставува стратешки интерес за ВМРО-ДПМНЕ.

Го информирав еврокомесарот Хан и за политичкиот прогон и злоупотребата на правосудството против ВМРО-ДПМНЕ, напиша лидерот на македонската опозиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top