Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против А.Ш. (18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и четири кривични дела „тешка кражба во обид“, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.
Во периодот од 17.30 часот на 05.04.2018 до 06.30 часот на 06.04.2018 година во Скопје, во просториите на две правни лица пријавениот извршил тешки кражби. Со употреба на сила тој влегол во двете простории и одзел компјутери и разновиден алат.
Исто така, пријавениот извршил тешка кражба во обид во магацин на уште една фирма, додека останатите три тешки кражби во обид ги сторил во две товарни и едно патничко возило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст