| четврток, 6 декември 2018 |

Нешто чудно се случува на Сибир – земјата се отвoра како во пеколот

Чудни нешта се случуваат во замрзната тундра на северот на Сибир. Минатата година едно момче почина од епидемија од опасниот вирус антракс којшто се рашири во регионот на северот на Русија, а беа инфицирани уште 20 други луѓе – сите дел од стотината номадски племиња кои живеат на огромната површина во северна Русија. Антраксот во овој регион не беше виден 75 години, а научниците тврдат дека тоа е резултат на наглото и интензивно прегревање на Сибир со темперетури и до 30 степени целзиусиови невидени на тоа подрачје кои го топат мразот. А сето тоа е последица на климатските промени и глобалното затоплување.


Acillus anthracis е бактеријата која предизвикува антракс и е способна да преживее со векови скриена во почвата, така што научниците велат дека не е ништо чудно што сега по затоплувањето на почвата се појавува антракс повторно. Поради жештината умираат ирвасите и бактеријата лесно наоѓа домаќин во нивните тела во распаѓање. За разлика од многуте патогени кои се стремат да го држат телото на домаќинот што е можно подолог живо за да се шират, антраксот има мисија да убие веднаш и е способен да продуцира огромна количина токсини за многу кратко време за да го постигне тоа. Затоа и се смета за еден од најсмртоносните убијци на светот.

Во јуни годинава биле чуени големи експлозии во полустровот Јамал во северен Сибир, каде што под мразовите има и големи лежишта на гас. Ловците на ирваси ја чуле експлозијата и нашле огромен кратер во земјата. Сомнежите на научниците во Русија се дека наглото одрмзнување и топење на мразот ги предизвикува потресите кои создаваат огромни кратери. Кратерите се стравотно големи, а околу нив може да се види умртвената од експлозијата и уништена расфрланта вегетација околу дупката од којашто еруптира високо запалив метан гас.

Ова не е единствениот кратер. Во минатите три години се појавија 14 други, некои од нив неверојатно масивни. Првооткриениот на пример е широк 50 метри, а длабок 70.Метанот е 20 пати попотентен да создава стакленички градини од карбон диоксидот, а масивното испуштање метан гас на Арктикот претставува значајна закана за глобалната клима и ги крева темперетарите на земјата со уште побрзо темпо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top