До крајот на денов како и во текот на ноќта од југозапад облачноста над нашата држава ќе се зголемува и во западните, југозападните и во јужните предели ќе има локални врнежи од дожд, на високите планини (над 2000 метри) ќе има услови и за слаби врнежи од дожд.
Услови за слаби локални врнежи од дожд и тоа претежно на југот од државава ќе има и утре (четврток) додека од петок ќе продолжи периодот на претежно стабилно, суво и натпросечно топло време во текот на денот додека наутро ќе биде студено па така на некои места температурите ќе се спуштаат под нулата.
Поради релативно тивкото време во текот на следниот период во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Максималните дневни температури на воздухот следниот период ќе се искачуваат во интервалот претежно од 13 до 20 степени.
Подготви: Славчо Попоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст