Министерот за култура Асаф Адеми денеска во Министерството за култура оствари средба со членовите на танчарската група „Денсерс јунајтед МК“ кои во Киелце, Полска, на Светското првенство во хип-хоп танци го освоија првото место во паракатегорија, соопштија од Министерството за култура.
Министерот за култура на средбата им го честиташе високото признание и им посака уште многу врвни резултати и нови награди преку кои успешно ќе ја промовираат културата на Република Македонија во светски рамки. Toj истакна дека грижата за еднаков пристап за поддршка во културата за сите граѓани, вклучително и за лицата со посебни потреби, е неопходна и претставува сериозна должност и обврска. Последниот настап на „Денсерс јунајтед МК“ во Полска се реализираше со поддршка на Министерството за култура, а министерот за култура Адеми на средбата нагласи дека поддршката за овие амбасадори на културата ќе продолжи и во наредниот период.
Членовите на оваа танчарската група, заедно со нивните тренери, во изминатите години оствариле многубројни настапи и освоиле европски и светски медали во различни категории, а минатата година на Светското првенство во модерни танци што се одржа во Копенхаген го освоија третото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст