| четврток, 6 декември 2018 |

Началникот на ГШ на АРМ кај партнерите во Вермонт, следува средба со Рикер

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, вчера во градот Монтпелиер,се сретна со заменик-гувернерот на сојузната држава на САД Вермонт, Вермонт Фил Скот.

На средбата со заменик-гувернерот на американската федерална држава со која Македонија има стратегиско партнерство било разговарано и за проширување на соработката меѓу Република Македонија и Вермонт и во други сфери како образованието, здравството, економијата и друго.

Посетата на началникот на ГШ на АРМ продолжува утре во Вашингтон каде ќе има средби со началникот на здружениот Генералштаб на САД генерал Мартин Демпси, со помошникот државен секретар на САД Филип Рикер, со заменик помошникот на секретарот за одбрана Евелин Фаркаш, како и со директорот на Националната Гарда на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top