Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска оствари билатерална средба со Цезар Росело, генерален секретар на Центристичката Демократска Интернационала (ЦДИ), Светската организација на центар-десни партии.
Инаку, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски, секретарот за меѓународна политика Влатко Ѓорчев и советникот за меѓународна политика на претседателот, Тимчо Муцунски учествува на политичкото Собрание на Европска Народна Партија.
Средбата на Мицкоски со Росело е една од низата средби кои во текот на наредните денови ќе ги оствари лидерот на ВМРО ДПМНЕ со лидерите од сестринските партии.
Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ сестринските партии ќе ги информира за злоупотребата на институциите за политичкиот прогон преку кој се врши притисок врз сите кои мислат поинаку од криминалната власт, кои исто така Македонија се повеќе ја оддалечуваат од европските стандарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи