Претставници на македонската дијаспора во Франција писмено се обратија до пратеничката Лилјана Танги член на Француско-македонската група за пријателство во Француското Национално собрание
Европското лидерство и преземање одговорност
Почитувана пратеничке Лилјана Танги член на Француско-македонската група за пријателство во Француското Национално собрание
Со големо внимание го следевме ставот на претседателот на Републиката, г-дин Емануел Макрон, како и на претставниците на ЛРЕМ ( La République en marche LREM) , во врска со референдумот во Македонија.
Ние, претставници на македонската дијаспора во Франција, ги искажуваме нашите стравови за името на нашата матична земја.
Преспанскиот договор од јуни 2018 година за името “Северна Македонија”, потпишан од Гркот Ципрас и Македонецот Заев, има за цел да ја уништи македонската нација. Промената на името пред сè е негација на македонскиот идентитет, што не е споменато никаде во Договорот како такво. Македонската етничка група исчезнува. “Македонец” станува само граѓански субјект на “Северна Македонија”. Македонскиот народ до сега како конститутивен народ на Македонија повеќе не постои. Во договорот нејзината историја не постои. Само “државјанство” е македонско : државјанин на Република Северна Македонија; тоа ќе биде така на пасошот и другите официјални документи. Македонската држава повеќе не е национална држава, туку само вештачка држава.
Република Македонија, признаена повеќе од 137 земји, пред портите на Европа и НАТО сé уште е предмет на европско и хеленско лобирање.
Ние сме сведоци на западната дезинформација, (80% од македонското население гласаше за додека само 35% од населението се изјасни ).
Додека нашата должност нè потсетува на нашите предци паднати во одбрана за нашата слобода во текот на Првата светска војна, и на крајот на идните европски избори, би сакале да разговараме со нашата бикултурна пратеничка , задолжена за односи со Западен Балкан.
Популизмот, национализмот и екстремизмот се пробиваат во Европа, колективниот интерес и европската конструкција мора да преовладуваат со намалување на македонскиот јазол , оставајќи го самоопределувањето на еден народ , на тој начин ќе се смири 27 годишниот конфликт и раздор.
Во отсуство на одговорност и европско лидерство од страна на нашите европски лидери, европскиот модел се деконструира и расчленува!
Убедени, хуманистички и мирољубиви Европејци, посветени на европската културна разновидност, ние Франко-Македонците повлекуваме алармно ѕвонче пред незамисливото, односно нови војни во Европа.
Европската Унија има клучна одговорност да го забрза овој процес и да остане целосно ангажирана во почитувањето на вредностите на Европската Унија, почитувајќи го суверенитетот и институциите на Република Македонија.
Уверени дека ќе го земете ова барање во предвид, Ве молиме да го прифатите, нашето највиско внимание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст