| четврток, 6 декември 2018 |

Фатална несреќа на патот Куманово – Свети Николе: Со „Корса“ удрил велосипедист, загинал на лице место

Вчера околу 17 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „Опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А. (47) од Куманово, удрило во велосипедистот Т.С. (70) од село Стањевци, светиниколско.

Т.С. починал на местото на настанот, а смрт била констатирана од лекар од Јавната здравствена установа Свети Николе.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top