| четврток, 6 декември 2018 |

Силна финансиска инјекција: Ѕвезда веќе инкасирала 20 милиони евра од ЛШ

Белградска Црвена Звезда синоќа приреди големо изненадување со победата над Ливерпул (2-0) во Лигата на шампионите. Успехот на „црвено-белите“ силно одекна во медиумите во светот, но и касата на тимот од Белград со овие настапи собива силна финансиска инекција, со што се создава еден стабилен клуб, кој во иднина би требало да се врати на своите стари патеки и како во минатото да биде рамноправна со големите европски клубови.

„Црвено-белите“ во досегашниот тек од настапите во Европа оваа сезона веќе инкасирале 20 милиони евра (15,2 милиони евра за пласманот во групната фаза, 3,7 милиони евра од четирите бода во групната фаза и претходно 1,2 милиони евра од квалификациите).

Taа зароботка дополнително ќе се зголеми со добивање на колачот од ТВ-правата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top