Познатите „спајсици” ќе се обединат за турнејата, но во малку помал состав – без Викторија Бекам.
Четирите членки на британската поп-група: Ема (42), Мел Ц (44), Мел Б (43) и Гери (46), официјално потврдија дека се повторно заедно и преку социјалните мрежи ги известија обожавателите за датумите на турнејата во Велика Британија, истакнувајќи дека се возбудени што ќе се појават пред публиката.
Инаку, Пош Спајс, попозната како Викторија Бекам (44), нема да биде во промотивното видео, а своето отсуство од турнејата го оправдува со желбата да се посвети на кариерата во модниот бизнис, пишува „Дејли мејл“.
Турнејата почнува на 1 јуни 2019 година, опфаќа шест концерти и завршува на 15 јуни.
Иако нема да биде со нив на сцената, Викторија Бекам, која со години го носи прекарот „ледената кралица”, се појави на „Инстаграм“ и им посака на девојките сè најубаво, ставајќи им крај на долгогодишните шпекулации за лошите односи со нејзините поранешни колешки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст