| четврток, 6 декември 2018 |

Сара го почна лекувањето во Германија

Нашата сограѓанка Сара Настоска го започна своето лекување во Германија.

Нејзините родители на Фејсбук со благодарност и повик на молитва се заблагодарија на сите луѓе кои се вклучија во акцијата за собирање на средствата за лекување на Сара.

Постот го пренесуваме во целост:

Почитувани сограѓани и сите останати хумани луѓе кај нас и во странство,

Ви се обраќаме со почит сакајќи да Ве известиме дека целото наше семејство се наоѓа во Германија. Благодарение на сите вас и Вашата хуманост започнавме со реализација на нашата цел. Овозможено ни беше авансно плаќање на дел од сумата, која е потребна за лекување во клиниката во Германија.

Веќе од вчера, 05.11.2018 година, по консултативен разговор со нив, договорено е во текот на оваа недела да се започне со почетни испитувања кои претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца.

Бидејќи сите вие хумани луѓе станавте дел од нас и од нашето семејство, Ве молиме од срце помолете се кон Бога да биде успешно лекувањето на Сара од нејзиното помало братче Виктор како донор.

Дозволете ни да започнеме, а потоа да ве известуваме за лекувањето.

Вечно благодарни, од срце,
семејство Настески

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top