Поранешниот новинар и директор на Телма телевизија, Атанас Кировски преку својот Фејсбук профил го коментира зголемувањето на даноците, кое го воведува Владата, и покрај сите укажувања од страна на јавноста на бизнис заедницата и на граѓаните дека тоа во овој момент за Република Македонија е погрешна мерка.
Неговата објава ја пренесуваме интегрално:
„Ова со даночнава реформа, е таков автогол на СДСМ за кој изгледа сеуште не се ни свесни. Ќарот во буџетот ќе биде минимален, и бездруго помал и од ситните суми кои ги проектираат, а штетата енормна!
Посебна приказна се даноците на се што оди како приход, па дури и на девизните заштеди над 15.000 денари?!?
Постариве луѓе-сиромаштијата што оставила некој денар за не дај боже – да ги даночиш е според маалскиот принцип кого удрам не жалам. Мислам дека не е лошо уште еднаш да размислат, ама без Тевдовски, човекот е тотлно изгубен во времето и просторот.“, напиша Кировски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст