Раководството на СПМ е изненадено од одржаната прес-конференција на пратеничката Владанка Авировиќ за дадената изјава дека е претставник на СПМ во издвоената пратеничка група.
Голем број членови сето тоа го прифатија со изненадување и негодување. Никој ниту е делегиран ниту е испратен од СПМ во таа група пратеници да ја претставува СПМ.
„Колку и да сакаме да го разбереме нејзиното присуство во таа пратеничка група заради незамисливата, неправедна правно несватлива пресуда на нејзиниот син, поврзан со процесираниот предмет, реализираната обврска по доделениот јавен оглас. Нејзиниот став се коси со ставовите на СПМ“, наведуваат од партијата во соопштение испратено до медиумите.
Од СПМ велат дека сметаат оти нејзиниот син е невин и заради неговата чесност, образованост и стручност е ставен на тапет од политички причини за уцена на неговата мајка.
„Меѓутоа, и покрај тоа што сакаме да ја разбереме нејзината болка, тага и загриженост за своето дете, недозволено е да шири невистини дека е испратена од партијата како претставник во некаква си пратеничка независна група. Позициите на СПМ за склучениот договор со Грција се познати од самиот почеток на овој процес, па до ден денес. Тие се пласирани во јавноста преку нашите прес-конференции, соопштенија и објавени. СПМ ќе води постапка за дисциплинска одговорност за неодговорната изјава на пратеничката Владанка Авировиќ и таа ќе се води согласно Статутот на Партијата“, нагласуваат од партијата.
Пратеничката од Социјалистичката партија на Македонија Владанка Авировиќ на прес-конференција изјави дека не е исклучена од партијата бидеќи таму се почитуваат различните ставови.
-Јас ќе продолжам да ги застапувам интересите на партијата во оваа пратеничка група. Задоцнивме многу за консензуално да ги решаваме прашањата. Во врска со сите етикети што ни ги налепија, времето ќе покаже дали е така, сите сме чесни, вредни и почитувани, рече Авировиќ.
Нејзиниот син Василије Авировиќ е осуден на три години затворска казна во предметот „Труст“, во кој е осуден и Сеад Кочан. СЈО побара од фирмите „Трансмет“ и „Силекс неметали“ преку конфискација да вратат во државниот буџет скоро 18 милиони евра.
Обвинетите Сеад Кочан и Василије Авировиќ според обвинението формирале конзорциум и со лажни документи добиле тендер за ископ на јаловина во „РЕК Битола“.
„Силекс неметали“ е фирма-ќерка на „РИК Силекс“, каде претседател на Управниот одбор на компанијата е претседателотот на СПМ, Љубисав Иванов – Ѕинго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст