| четврток, 6 декември 2018 |

13-годишната принцеза го одржа својот прв јавен говор: Идната шпанска кралица се однесува беспрекорно (Видео)

13-годишната Леонор, ќерка на шпанскиот крал Филип VI и кралицата Летиција, го одржа својот прв јавен говор. Таа им се обратила на присутните на одбележувањето на 40-годишнината од донесување на шпанскиот устав, што е воедно и нејзиниот роденден.

Малата принцеза отсекогаш го привлекувала вниманието на јавноста, а еден ден ќе го наследи својот татко и ќе владее со Шпанија. Таа го прочитала првиот од 169-те членови на националната “Magna Carta” која шпанскиот парламент ја одобрил во 1978 година, пишува “USA Today”.

Принцезата носела син фустан и црни чевли со потпис на Мери Џејн. Таа била одлично расположена и насмеана, а нејзиното читање било беспрекорно. Нејзиниот татко, кралот Филип VI, цело време стоел покрај неа, а нејзината мајка – кралицата Летиција и сестра ѝ Софија гордо ја борделе од првиот ред.

Медиумите пишувале дека гордоста на нејзините родители била повеќе од очигледна, а сегашниот крал исто така на 13 години започнал да ги извршува своите кралски должности. Иако се уште е тинејџерка, Леонор веќе некое време се припрема еден ден да го преземе шпанскиот престол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top