Бидејќи Рамковниот договор станува дел од преамбулата на Уставот, се отвора можност соодветната и правична застапеност да се примени и кај Собранието, каде што преку соодветен амандман припадниците на националните заедници наброени во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија ќе бидат претставени во Собранието преку гарантирани места. Амандман со таква содржина ќе доставам во текот на процесот на уставните промени, најави Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.
Тој на својот фејсбук-профил го напиша следново:
„Би било мошне наивно и политички неодговорно во овој момент – кога се случуваат драматични потреси и промени во севкупното битисување на државата – српскиот народ во Македонија да остане без соодветна реакција. Сега, како никогаш порано, постои потреба од цврсто застанување на јасна национална платформа, за подготвени да го пречекаме периодот на трансформацијата на системот и вредностите чија основа ќе бидат: Тиранската платформа, Договорот со Бугарија и Спогодбата со Грција – кои на сите можни начини ќе се обидат да ги избришат вредностите на српската традиција, културата и историското минато на овие простори.
Што се однесува до одлуката како ќе се вика во иднина државата, Република Македонија во која се родивме, се образуваме, живееме и работиме, покажавме политичка зрелост и не дозволивме како припадници на српскиот народ да бидеме дел од драматичните поделби кои ова прашање ги отвори во општествениот живот. Но во исто време рековме и остануваме на кажаното дека во однос на тоа прашање ќе ја почитуваме пред сѐ одлуката на македонскиот народ, а потоа и на надлежните институции.
При оценувањето на политиката на актуелната влада на РМ кон српскиот народ во Македонија мораме и обврзани сме внимателно и крајно рационално да ја земеме предвид нејзината традиционална ненаклонетост и лошата намера демонстрирана во минатото кон нашите национални интереси, водејќи се од пристапот дека од оној кој отсекогаш искажувал и сѐ уште искажува агресија кон нашиот народ – и тоа непрекинато цели три децении откако Македонија е независна држава – не треба де се очекува спасение, дека од оние кои систематски ги бришеа трагите на нашето постоење на овие простори не треба да се очекува помош за нивното зачувување. Од верскиот расколник не можеш да очекуваш разбирање, од оној што те унесреќува не смееш да се надеваш на добронамерност, ниту пак од клеветникот да ја очекуваш вистината.
Впрочем, во политика никој никому ништо не дава, за сѐ треба да се избориш.
1. Актуелните настани ја наметнаа потребата пред Владата на РМ итно да се постави прашањето за некоректниот и непринципиелниот пристап кон српската заедница и нејзините политички претставници, односно – ќе се престане ли веќе еднаш со обидите српскиот национален фактор да се раситни, односно да се “лажира” со припадниците на сопствената партија и, ако е можно, сосема да се отстрани од политичкиот и јавен живот?! Особено во делот на обезбедување на сите услови согласно европските стандарди за зачувување и негување на традицијата, културата и идентитетот на српскиот народ.
2. Заради степенот на најавените уставни промени, време е повторно на голема врата да се афирмира барањето за гарантирани места во Собранието. Бидејќи Рамковниот договор станува дел од преамбулата на Уставот, се отвора можност соодветната и правична застапеност да се примени и кај Собранието, каде што преку соодветен амандман припадниците на националните заедници наброени во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија ќе бидат претставени во Собранието преку гарантирани места. Амандман со таква содржина ќе доставам во текот на процесот на уставните промени.
3. Итен престанок на правен, политички и секаков друг прогон на припадниците на ПОА кои се залагаат и чинодејствуваат за духовно единство со СПЦ, како и конечно почитување на правото на слобода на вероисповед на припадниците на српскиот народ. Владата итно да пристапи кон реализација на пресудата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, со која ќе се овозможи регистрација на ПОА.
4. Како учесник во политичките процеси и архитект на подобрувањето на меѓусебните односи и соработка помеѓу Р. Македонија и Р. Србија, ДПСМ е особено заинтересирана истите да бидат унапредени до највисоко ниво, но принудени сме да констатираме дека во последно време односите помеѓу двете држави се далеку под нивото на односите помеѓу двата народа. Регионалната соработка, која впрочем е еден од нашите приоритети и за која постојат сите историски предиспозиции бара помеѓу останатото воздржаност, политичка мудрост и волја за заедничко надминување на отворените прашања.
И би замолил нешто, нема потреба да ги користите како свои белешките од моите разговори со претставниците на меѓународната заедница, ниту пак информациите пласирани од подземните структури, затоа што сѐ што работам е јавно и истото можам во секој момент да го споделам со јавноста”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст