Брачната двојка озчивит конечно излезе во јавност со потврда дека го очекуваат првото дете. Бурак и Фахрие, која е во третиот месец од бременоста, одговорија на новинарите на се што се пишуваше изминатиот период. Еве како течеше разговорот со медиумите:
-Честитаме на бебето!
Бурак: Благодарам, возбудени сме и среќни, многу убаво чувство!
На прашањето како реагирал на веста за бременоста, тој не сакаше да даде одговор велејќи дека приватноста ќе ја зачуваат за себе. За веста пак дека Фахрие забранила одредени нешта во домот, таа вели:
-Секако дека постојат некои работи кои пречат во бременсота, но не до таа мера како што се пишува. Тие вести не се точни.
За тоа дали зема совети од пријателките и дали чита книги за бременост фахрие го вели следното:
-Се уште не земам совети од други, ниту пак читам книги. Мислам дека мајката треба да почувствува што и е потребно. Поради тоа не истражувам премногу. Докторот е тука за да ме упати во се. Бременоста ми тече сосема нормално, открива убавата актерка.
Двојката вели дека бебето ќе се роди во Турција, а се уште не го знаат полот бидејќи е рано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст