| четврток, 6 декември 2018 |

Рашковски му се осветува на Апасиев: За „двата докторати“ му ги чешла десетките

Генералниот секретаријат на Влада на Република Македонија – иако ненадлежен – испратил барање до Министерството за образование, преку Државниот просветен инспекторат, да се чешла моето досие за тоа како сум докторирал на УКИМ и како сум се вработил на УГД, објави денеска професорот Димитар Апасиев.

Популарниот член на президиумот на Левица вели дека институциите постапувале по анонимна претставка – што е изрично забрането со дури осум закони и подзаконски правни акти и за што некој ќе мора да одговара.

– Ете како оваа тоталитарна власт се справува со своите политички неистомисленици! Па оваа и Грујо не го правеше бе, социјал-„демократи“ – вели Апасиев.

Тој очекува за скандалот да го чуе мислењето на владиниот портпарол, на поранешната министерка и на актуелниот заменик-министер за образование за „неприкосновената автономија на Универзитетотот“.

Како поткрепа на своето тврдење Апасиев објавува документ од кој се гледа дека се постапувало по анонимна пријава.

Според документот процедурата ја започнал генералниот секретар на Владата Драги Рашковски кој од страна на Апасиев беше обвинет дека лажно пријавил дека има втор докторат, по што Рашковски мораше да признае дека се уште ме докторирал по втор пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top