| четврток, 6 декември 2018 |

Костадинов: Мојата мајка е вработена на најтранспарентен начин

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ почнало да се занимава со моето семејство. Се обидуваат да ја оцрнат мојата мајка, пишува на Фејсбук, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ, откако претходно опозициската ВМРО–ДПМНЕ обвини дека неговата мајка била вработена во струмичкиот Централен регистар.

„Видлива е нивната нервоза подолго време. Не им успеа да ја закочат иднината во ЕУ и НАТО. Сега се соочени со вистината што ја објавиваме за шемите на Мицкоски со криминалецот Груевски, директно поврзани со лично богатење преку хидроцентрали, и тоа во време кога му бил советник. Соочени со сопствената немоќ, антизападното ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со истата матрица која 11 години шиканираше луѓе, омаловажуваше, која преку партијата сакаше да ги контролира нашите животи, одлучуваше кој може да се вработи кој не.

Тоа време заврши, сега законите и критериумите важат за сите. Секој има подеднаква шанса.

Во интерес на јавноста информирам дека мојата мајка е вработена на најтранспарентен начин, преку оглас, времено, до 31.12.2018 година. Институцијата каде што времено е примена на работа, имаше објавено огласи за вработувања за повеќе работни места, а мајка ми е примена врз основа на нејзините квалификации и постапка еднаква за сите што аплицираа.

Ниту СДСМ, ниту мојот ангажман како пратеник на било кој начин имаат некаква врска со тоа.

Да заклучам, сите напади врз мене и моето семејство се залудни и лагите и извртувањата на вистината нема да ме спречат да продолжам да ја објавувам вистината за криминалните шеми на антизападниот Мицкоски со криминалецот Груевски“, пишува Костадинов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top