| четврток, 6 декември 2018 |

И Италија предлага закон за Трето дете

Италијанската десничарска влада планира да ги стимулира жените повеќе да раѓаат нудејќи обработливо земјиште за семејствата со повеќе од три деца, пренесува „Индепендент“.

Целта на оваа иницијатива е да се зголеми наталитетот, кој е најнизок во Европа, но за критичарите овај потег е нео-средновековна и потсетува на мерките на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини за зголемување на наталитетот во текот на 20-тите и 30-тите години од минатиот век.

Таканаречениот „земја за деца“ е креиран од популистичката Лига од крајната десница, што е дел од коалиционата влада и е вклучена во спорниот буџет на државата.

– Велат дека Италијанците имаат малку деца и дека е потребно нешто да ја промени ситуацијата. Затоа министерството сака да даде свој придонес и тоа првенствено во руралните области, каде што луѓето и понатаму имаат повеќе деца – изјави италијанскиот министер за земјоделство.

Ако планот биде спроведен во дело, родителите што ќе добијат трето дете во периодот помеѓу 2019 и 2021 година ќе добијат државно земјиште на период од 20 години.

Исто така, ќе им биде понуден кредит без камата до 200.000 евра доколку одлучат да купат куќа близу до земјиштето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top