| четврток, 6 декември 2018 |

Трето полувреме на мечот РК Прилеп – РК Охрид: „Рибари“ испратени дома со пендреци (видео)

На социјалните мрежи се појави видео од неделниот натпревар во ракометната Супер лига помеѓу РК Прилеп и РК Охрид, кој се чини имал свое трето полувреме.

На натпреварот кој охриѓани го добија убедливо со резултат 21:39, му следувало инцидент на трибините, во кој според она што може да се види од видеото, полицијата употребила пендреци.

Имено, дел од припадниците на навивачката група “Рибари” кои присуствувале на мечот, поради засега непознати причини се судриле со полицијата. Навивачите на социјалните мрежи велат дека полицијата “непотребно употребиле сила“, а еден 17-годишен навивач се здобил со повреди на главата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top