Книгaта „Мозаикот на Деби Му“ од авторот Жаклина Мучева денеска ќе биде промовирана во Салон 19:19, во Културно-Информативен Центар – Скопје.
Книгата ќе ја промовира Татјана Гогоска и авторката, а модератор на настанот е Елена Максимовска.
-„Мозаикот на Деби Му“ е книга која ве води во светот на истражувачката љубопитност и иновативната креативност. Приказни за постанокот на предметите од секојдневието, животот на некои животни, парчиња облека кои имаат свое минато и зонтаг илустрации кои бараат боење. Тоа е накусо смерницата за составување на мозаикот кој првпат Деби Му им го нуди на децата, се наведува за книгата.
Жаклина Мучева дипломирала на Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје, каде и магистрирала во областа на менаџирање во образованието. Радискиот микрофон го замени со телевизиска камера во 2010 година, а новиот медиумски предизвик и е телевизијата. Своето педагошко образование го соединува со способноста за добро говорништво и во слободното време држи разни креативни работилници, предавања во основните училишта на теми поврзани со холокаустот, учествува на научни конференции и семинари со свои трудови. Член е на Лајонс клубот „ Св.Пантелејмон“- Скопје и волонтер во Црвениот крст на град Скопје.
„Мозаикот на Деби Му“ е нејзина втора книга. Првата „Образование во кибуците“ излезе од печат во 2002 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст