| четврток, 6 декември 2018 |

Доналд Туск испрашуван во врска со пирамидална измама во Полска

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, се соочил со полската јавност на јавно испрашување на националната телевизија во Полска во рамките на парламентарната истрага за пирамидалната шема со која биле измамени илјадници Полјаци и тоа во време додека тој беше премиер на оваа земја.

Телевизиското испрашување беше дел од обидите на конзервативната владејачка партија за дискредитирање на Туск, а измамата, која беше откриена во 2012 година, го отвори прашањето за ефективноста на владата за време на мандатот на Туск, од 2007 до 2014 година, со оценка дека властите, наводно, не реагирале навреме на сигналите за работењето на финансиската институција Амбер голд, за која се  покажа да било пирамидална шема.

Освен што бил премиер во тоа време, Туск се поврзува со пирамидалната штедилница и затоа што неговиот син Михал бил вработен од авиокомпанија во сопственост на „Aмбер голд“.

Обвинителите велат дека околу 19.000 инвеститори изгубиле преку 850 милиони злоти (173 милиони фунти) во она што се покажало како еден од најголемите финансиски скандали во Полска, пренесува „Индепендент.ие“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top