| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на девојчето што се удави во Вардар

Девојчето по коешто попладнево трагаше гостиварската полиција е пронајдено мртво во водите на реката Вардар. Како што дознава АЛСАТ, станува збор за 17 годишната Џејха Меџити.

Според првичните информации, девојчето околу 19 часот во близина на гостиварската болница било нападнато од глутница кучиња. Најверојатно во паниката од нападот тоа побегнало кон едниот брег на Вардар и паднало во водата. Набрзо потоа граѓани пријавиле во полициска станица Гостивар од каде е организрано пребарување на коритото на Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top