| четврток, 6 декември 2018 |

Голема потрага по девојче кое паднало во Вардар

Гостиварската полиција започна потрага по девојче кое околу 19.15 часот паднало во ладните води на Вардар. Засега се знае дека девојчето бегало од глутница кучиња додека минувало во близина на болницата. Сведоци ја алармирале полицијата и заедно со спасувачките служби се вклучиле во потрагата. Во меѓувреме од ХЕЦ Маврово е побарано да се намали водниот тек на Вардар за да се олесни потрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top