| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски се сретна со Соботка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски , заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на Извршниот комитет, Влатко Ѓорчев остварија средба со претседателот на националниот совет на Австрија, Волфганг Соботка.

Според партиското соопштение на средбата се разговарало за повеќе теми важни за стратешките приоритети на Република Македонија, како и за актуелните политичка и економска состојба во државата.

Претседателот Мицкоски на средбата го информираше својот соговорник за политичкиот прогон кој го спроведува власта, преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека однесувањето на власта кон политичките противници е далеку од западните и европски вредности кон кои се стреми Македонија.Мицкоски ја потенцираше и влошената економска состојба во Македонија која е резултат на неспособноста на актуелната власт. Тој истакна дека стандардот на граѓаните е во континуиран пад, реализацијата на капиталните инвестиции е катастрофална, а владата не може да обезбеди економски раст.

Соговорниците разговараа и за реформските приоритети кои се важни за членството на државата во ЕУ и НАТО.

На средбата беше истакнато дека е од огромно значење поддршката на Република Австрија за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но приоритет е земјата сериозно да се зафати со реформи во кои за жал моментално власта сериозно заостанува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top