| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се трите најдобри цвеќиња за секој дом

Доколку сте тип на личност која купува растенија за домот само затоа што ви се допаѓаат, имаме лоши вести за вас – не сите видови на цвеќиња успеваат во исто опкружување.

Една од причините за тоа е што просториите во вашиот дом се исполнети со различен извор на светлина. Затоа, експертите од “Home Advisor” издвојуваат три билки кои можат да се прилагодат во вашите животни простории.

Ѓаволскиот бршлен е идеален за вашето купатило, бидејќи го навлажнува и прочистува воздухот од токсичните честички, што е посебна добробит во претстојните зимски денови. Ова растение бара сенковито но светло место и редовно полевање.

Фикусот бенџамин ги отстранува токсините и ја зголемува количината на кислород па заради тоа би требало да го чувате во спалната соба. Освен тоа, тој има интересен изглед и е едноставен за одгледување. Со тоа што оваа билка се чува на подот, избегнувајте ја доколку имате подно греење.

Дрвото на парите или “Crassula ovata” симболизира среќа, па затоа се препорачува да ја чувате во ходникот каде се поздравувате со луѓето кои влегуваат во вашиот дом. Растението може да достигне висина и до еден и пол метар. Според Фенг шуито, ова растение носи пари и ја привлекува енергијата на богатството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top