| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јордан

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Хашемитското Кралство Јордан за Република Македонија, со седиште во Анкара, Исмаил Иса Исмаил Рифаие.

Иванов, какошто соопшти неговиот кабинет, на средбата упатил честитки по повод неговото именување и изразил интерес и подготвеност за натамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји.

-Убеден сум дека Вие, со Вашиот професионален ангажман, ќе придонесете за натамошно унапредување и збогатување на соработката меѓу нашите пријателски земји и народи во сите области од заеднички интерес, за што постои голем потенцијал. Бидете уверени дека во вршењето на Вашите дипломатски должности ќе ја уживате нашата целосна поддршка и помош, порачал македонскиот претседател на предавањето на акредитивите.

На средбата со амбасадорот Исмаил Иса Исмаил Рифаие, претседателот Иванов изразил задоволство од интензивирањето на соработката меѓу двете земји во повеќе сфери, особено во областа на разузнавањето и ја поздрави конструктивната улога на Јордан во стабилизацијата на состојбата во регионот на Блискиот Исток.

Двајцата соговорници размениле мислења за актуелните случувања во двете земји и за настаните во регионот.

Администратор 05/11/2018 14:21

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Средба Џафери-Соботка: Надградување на добрите односи, како на парламентарно така и на државно ниво

Конкретна реорганизација на администрацијата од втората половина на 2019

Одбележани 65 години од основањето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Средба на Шапуриќ со амбасадорот на Чешка, Томан

Соботка: Потребни се храбри одлуки, ЕУ ќе ги награди вистинските чекори

Формирањето на комисијата за помирување одложено за следниот понеделник

Ивановски: Дали сега или за некој месец, Груевски, сепак, ќе мора да оди во затвор

Голем е интересот за вакцинација против сезонски грип

Димитров се сретна со новиот амбасадор на Јордан во Македонија

НАЈЧИТАНИ
НАЈНОВИ

Тетовчанец и се заканувал на бившата дека ќе објави разголени слики од неа

Продолжен притворот на Моника Ристеска, ОЈО поднесе обвинителен акт

Девојка истепала вратар во скопска дискотека бидејќи не ја пуштал да влезе

„Балистите“ го демолираа Тетово и скандираа „Македонско девојче, ку*ва голема“ (Видео)

Додека „Балистите“ дивееја во Тетово, НГ „Рибари“ јадеа пендреци во Прилеп (Видео)

Вестите, содржините и фотографиите на интернет страницата MakPress.mk може да се користат само за лично информирање.
Не е дозволено превземање, користење, пренесување и реобјавување на вестите, содржините и фотографиите без посебна дозвола или склучен договор со MakPress.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top