| четврток, 6 декември 2018 |

Црви и муви под ќебето: Новороденче почина откако го оставиле две недели во валкана пелена

Очите на бебето беа ширум отворени, гледаа во празно, сведочеше медицинската сестра на судењето за убиство на Стерлинг Коен, четиримесечно бебе кое екипите на Брза помош го пронашле мртво во станот на родителите, Захари Коен и Чејани Харис.

Телото на новороденчето беше пронајдено кон крајот на август 2017 година. Кога лекарите од итната помош го тргнале покривачот, од детето почнале да излегуваат црви и инсекти.

Двајцата родители се уапсени и обвинети за убиство и занемарување на здравјето на детето со смртни последици.

Двојката имала уште едно дете, двегодишно девојче, кое исто така било во станот кога Стерлинг е пронајден мртов.

Девојчето било во добра здравствена состојба и добивало соодветна нега.

Обвинителот Колеман Мекалистер пред судот објасни дека проценето е дека детето носело иста пелена меѓу 9 и 14 дена.

  • Умре поради осип од пелени. Да, добро слушнавте осип од пелени. Пелената била целосно натопена со измет и урина, што привлекло инсекти кои тука положувале јајца од кои се развиле црви. Стерлинг Коен поради тоа добил тежок пеленски осип, а низ повредите на кожата во организмот влегла бактериајта ешерихија коли – изјави обвинителот.

Обдукцијата утврди дека причина за смртта е неухранетост, дехидрација и бактериски инфекции. Во моментот на смртта, бебето имало само 3 килограми.

Според изјавите на медицинсакта сестра која прва дошла на местото, таткото не покажувал никакви емоции.

  • Нѐ донесе во мрачната, топла просторија во која лежеше безживотното тело на бебето. Кога го тргнавме покривачот, полетаа муви – изјави таа на суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top