| четврток, 6 декември 2018 |

Власта се фали со инвеститори што ги обезбеди владата на Груевски

СДСМ денес го продолжи серијалот на соопштенија против Никола Груевски, овој пат во сфера каде СДСМ е многу слаб, а Груевски и ВМРО-ДПМНЕ беа многу успешни. Тоа е сферата на привлекувањето на странски инвестиции. Имено, СДСМ денес го критикува Груевски за Субрата Рој, инвеститор кој најави инвестиција но не успеа да ја реализира, односно ја реализира, но во многу мал обем.

ВМРО-ДПМНЕ и Груевски донесоа многу инвеститори во Македонија. Нема споредба со неговите претходници, а уште помалку со актуелната влада. Ги променија условите за правење бизнис во Македонија и земјата од 94-то место во светот во 2005 г. на ранг-листата на Светската банка Дуинг бизнис ја донесоа на 10-то место.

Тоа и многу други активности на владата охрабрија и овозможија многу нови инвестиции и над 180 илјади нови работни места. Наследија држава со 560 илјади вработени, ја оставија на СДСМ со над 740 илјади вработени. Никој ниту веруваше ниту предвидуваше таков успех во овој дел, и тоа во време на светска и европска криза и домашна политичка криза.

Што решиле да прават СДСМ? Нашле еден од неколкуте инвеститори кои се обидоа, но поради лични проблеми во матичната земја не успеја да ја реализира инвестицијата која самиот ја најави.

Субрата Рој во тоа време беше еден од најбогатите бизнисмени во Индија, и втор најголем работодавач во таа земја со 1.2 милијарди луѓе во тоа време.

Од страна на владата немаше никаква ниту лага, ниту грешка. Тие го донесоа неколку пати во Македонија овој магнат, и тој самиот ги презентираше своите планови.

Во тоа време тој го купи познатиот хотел Парк во Њујорк и дворецот Винѕдор во Англија, за што инвестираше стотици милиони евра. Стануваше збор за многу силен и моќен инвеститор во светски размери. Тој за околу 4 милиони евра го купи хотелот Славија во Охрид, и зема под концесија земја во Џумајлија.

Отвори канцеларија во Скопје и вработи поголем број луѓе. Но, пред да ја реализира инвестицијата западна во големи тешкотии во неговата држава и така не дојде до реализација на неговите големи планови за инвестирање во Македонија.

Владата направи сѐ што е во нејзина моќ, како и за сите други инвеститори, но инвеститорот мораше да се повлече. Веднаш потоа се раскина со него договорот за Џумајлија и еден голем дел од неа се даде во концесија на домашен инвеститор кој успешно работи во тој дел, иако далеку од големите планови на Субрата Рој.

Како и да е, кога ќе донесете над 100 сериозни инвеститори од странство, нормално е, не еден, туку неколку и да не успеат. Се работи за живи луѓе и за бизнис.

СДСМ можеби ќе можеше да критикува ако во овие година и пол донесеа од нив, а не од претходната влада привлечени барем 20 посериозни инвеститори. Но, СДСМ за година и пол се сведе на една сендвичара за пилешко месо, и тоа е се од нивниот учинок.

За жал, се друго е резултат на претходните напори и преговори на претходната влада. Иако малку на број, но сите други инвеститори или ги донел во Македонија Виктор Мизо, или Веле Самак, или Алек Никовски, или Бил Павлески или Џери Наумов или некој друг од тимот кој го состави и работеше под раководство на Никола Груевски.

Во тој дел владата на СДСМ сѐ уште ги бере плодовите од она што го изора тимот на Груевски и во делот на статистичките податоци за пораст на странските инвестиции годинава, и намалувањето на невработеноста.

Имено, најголем дел, над 90 осто од бројката на странски инвестиции со која Заев и СДСМ се фалат, не се нови и од нив донесени инвестиции, туку реинвестирана добивка на веќе донесените странски инвестиции, и реализирани планирани нови фази на инвестирање (нови хали и опрема), на инвеститорите кои претходно изградија фабрики во Македонија во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Истите тие уште при изградбата на првите фабрики изјавија дека веќе имаат предоговори со купувачи кои ќе значат отворање на нови капацитети и нови вработени и опрема за 3,4, 5 или повеќе години.

Ситуации како Субрата Рој имаше неколку. Но, тие се исклучоците и за нив нема вина кај владата на Груевски, туку кај нив самите.

Вистинскта слика се германската фабрика во Битола Кромберт и Шунерт со над 6 илјади вработени лица, германската инвестиција во Кавадарци исто така со над 6 илјади вработени, американската Леар со над 2500 вработени во Тетово, американскиот Кемет Електрроникс во Скопје, германскста ОДВ електрик во регионот Охрид-Струга, германската Костел во Охрид, англиската Џонсон Мети во Скопје, американската фабрика за авто делови во Прилеп, и многуте други фабрики и други инвестирори во Штип, Струмица, Велес, Скопје, Куманово и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top