| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава пресметка синоќа во Чегране: Момче со нож нападнало негов роднина

Седумнаесетгодишно момче завршило со рана на левата нога по расправија со една година помлад родина во гостиварското село Чегране.

Според СВР Тетово, шеснаесетгодишник синоќа околу 21 часот, во салон за забавни игри во Чегране, најпрвин физички се пресметал со 17-годишник, негов родина, а потоа од панталоните извадил нож и му нанесол убодна рана во левата нога.

Извршен е увид, напаѓачот е пронајден и одземен е ножот за вештачење. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top