| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во ученичките домови: Над 2 000 деца престојуваат во катастрофални услови

Ученичките домови во кои се сместуваат ученици од внатрешноста во Скопје, мака мачат со финансиските средства. Овие домови се наоѓаат во невиден хаос и условите за престој во нив се катастрофални. Директорите вината за ваквата ситуација ја насочуваат кон државата и се жалат дека условите се такви бидејќи добиваат само по 7 500 денари месечно за ученик. Со овие средства тие треба да ги платат режиските трошоци, одржувањето на домот, храна за учениците и плати за сите вработени, бидејќи тие не добиваат посебни блок- дотации за таа намена.

Директориte на овие институции велат дека едвај излегуваат на крај со средствата кои ги добиваат за секој ученик и дека ако наскоро не се реши ова прашање, нема да можат да функционираат.

Децата кои престојуваат таму ги немаат основните услови за живеење и за учење. Според фотографиите, јасно може да се забележи дека во овие институции кои на учениците треба да им пружат нормални услови за живот, просориите се во очајна состојба, а дел од ѕидовите се влажни што  на децата може да им предизвика и здравствени проблеми.

Инаку, Владата минатата недела донесе одлука за измени и дополнувања на Законот за ученички стандард со кои се дава можност Министерството за образование и наука (МОН) да додели средства на јавните ученички домови, односно јавните средни училишта во кои има ученички домови доколку непредвидено им се зголемат трошоците за тековно работење.

– Се отвора можност да им се излезе во пресрет на потребите на ученичките домови во кои се сместени над 2.000 ученици, а кои се наоѓаат во лоша финансиска состојба, изјави владиниот портпарол Муамед Хоџа.

Но, директорите се согласни дека тоа нема да го реши проблемот и дека е потребена промена на начинот на кој се финансираат ученичките домови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top