| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ повторно е број 1 на АТП-листата

Новак Ѓоковиќ од денеска и официјално се врати на првото место на АТП-листата. Србинот, со пласманот во финалето на мастерсот во Париз, турнир од кој се откажа Рафаел Надал, освои 600 бода, што му беше доволно да го мине Шпанецот на челната позиција.

Ѓоковиќ е првиот тенисер по Марат Сафин во 2000 година кој бил полошо пласиран од 20. место, а потоа успеал да стигне до првото место. Српскиот тенисер пред четири месеци (18 јуни) имаше 7.255 поени помалку од тогаш првопласираниот Роџер Федерер.

Од јуни почна неверојатната серија на Ѓоковиќ, кој играше финале во Квинс (пораз од Чилиќ), а потоа ги освои Вимблдон, Синсинати, Ју-ес опен и Шангај. Пред четири месеци тој имал 1.665 бода, а сега е лидер на АТП-листата со 8.045 бода, односно 560 бода повеќе од Надал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top