| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн Минхен тргнува по Ремзи уште во јануари

Велшкиот репрезентативец, Арон Ремзи е во последната година од договорот со Арсенал, а доколку не потпише продолжување, слдното лето тој ќе биле слободен играч. Неговата ситуација будно ја следат повеќе европски фудбалски гиганти, а според последните информации од „островото“, Баерн Минхен неочекувано се наметнува како фаворит во трката по Ремзи откако беше обелоденето дека баварскиот гигант подготвил одлични услови за да го убеди Велшанецот да пристигне на „Алијанц арена“ уште во зимскиот преоден рок.

Британските медиуми објавија дека одличниот играч за врска најверојатно нема да остане во Премиер-лигата, а понудата на Баерн била одлична. Актуелниот првак на Германија се наоѓа во криза и во Рамзи се гледа како на идеално засилување.

Интерес за услугите на Ремзи досега покажаа и Јувентус, Челси, Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top