| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнисмените порачуваат – Не е време за прогресивен данок

d

Една работа е математичката проценка на владата со претспоставките дека сите кои имаат големи примања ќе плаќаат поголем данок на доход, а друга е математиката на вработените кои можеби би се решиле да отвораат нерезидентни сметки во регионот. Вака ги коментираат најавите за прогресивен данок од Бизнис конфедерацијата на Македонија, јавува Телма ТВ. Сметаат дека со ваквиот чекор владата можно е да поттикнува и откривање на сиви патишта за избегнување на поголемиот данок.

Бизнисменита очекуваат предложените измени да биде објавени на страницата ЕНЕР каде ќе ги кажат своите забелешки. Велат дека биле консултирани и известени, но очекуваат многу поголема и поширока дебата на оваа тема. А конструктивна дебата за тоа кои ќе бидат бенефитите но и негативните последици и развој на сива економија бараат и експертите.

Вчера министерот за финансии Драган Тевдовски ги промовираше измените со кои се воведува прогресивен данок. Со нив за сите кои имаат плата на 90.000 денари се воведува данок од 18%, но само на сумата која ја надминува границата. До 90 000 илјади данокот останува 10 %.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top