| четврток, 6 декември 2018 |

Последна почит за загинатиот сопственик: Сите фудбалери на Лестер присутствувале на погребот во Банкок

Во Банкок, Тајланд вчера допатуваа сите фудбалери и стручниот тим на фудбалскиот клуб Лестер Сити за да му оддадат последна почит на нивиниот сопственик, Вишај Шриваданапраба, кој загина во пад на хеликоптер во близина на нивниот стадион.

Погребот, според информациите, со сите погребни обичаи ќе трае се до 9 овој месец.

Менаџерот ма Лестер, Клод Пуел, капитенот Вес Морган, напаѓачот Џејми Варди, дефанзивецот Хари Мекгваер и голманот Каспер Шмајхел се во делегацијата која е во Банкок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top