| четврток, 6 декември 2018 |

Царовска: Нема да се зголемува старосната граница за во пензија

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска изјави дека во однос на реформата во пензискиот систем, се работи на стабилизација на пензискиот систем и нагласи дека нема да има зголемување на старосната граница.

– „Правиме минимална корекција на стапките на придонес за пензиско и инвалидско осигурување и здравствено осигурување за вкупно 0,5 процентни поени. Втората мерка е дека воведуваме јасен критериум за влез во двостолбен систем, а тоа е денот и годината на раѓање, до 01.01.1967 година ќе може да се вратат и да добиваат пензија само од првиот столб, по нивна желба и со тоа даваме можност граѓаните да имаат поповолни пензии. Затоа што имаме излегување на ваков тип на пензионери и ќе видиме дека пензиите им се нереално ниски, сега им даваме можност да се вратат и да добиваат пензија од првиот столб. Исто така ќе може сите оние коишто користат бенефициран стаж сите да се вратат и да добијат пензија само од прв столб. Во моментов во таква поволна ситуација се вработените во МВР и во одбрана, а најранливите се во двостолбен систем и имаат нереално ниски пензии. Ние го правиме системот праведен за сите оние коишто имаат бенефициран стаж вклучително и рударите да се вратат во прв столб и да си ги добијат пензиите коишто им следуваат, висината на пензии да биде поповолна“, истакна министерката Царовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top